Згрозена сум и најостро го осудувам вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје. Насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите. Побарав целосно информирање од управата на КПУ Затвор – Скопје, но и очекувам сите надлежни институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа и да покренат постапки за санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации, објави министерката за правда, Рената Дескоска, денеска на својот Фејсбук профил, по инцидентот во Истражниот затвор Скопје во Шутка.
За инцидентот, вечерва во 19.30 минути изјава за медиумите ќе даде и директорот на Истражниот затвор КПУ Скопје, Ѓоко Котевски.