Филипче: Расте бројот на вакцинирани против морбили, а нема зголемување на бројот на заболени

169
Секојдневно има пет – шест новозаболени од морбили, дел од нив се пуштаат на домашно лекување, а дел се задржуваат во Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по посетата на ЈЗУ Здравствен дом во Велес.

– Упативме апел и до другите инфективни одделенија каде има места, да бидат подготвени и да ги хоспитализираат тие пациенти. Воедно за тоа разговаравме и со директорот на Велешката општа болница. Нема начелно зголемување на бројот на случаи. Сѐ уште расте бројот на вакцинираните деца и возрасни, што е за поздравување, и искрено се надевам дека оваа тенденција и понатаму ќе продолжи за епидемијата да заврши во што е можно пократко време, потенцира министерот Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...