Митрески: ВМРО-ДПМНЕ застана против реформите

157

Неодговорно и спротивно на интересите на државата е ВМРО-ДПМНЕ да застане против реформите кои што се од искличително значење за напредокот и почетокот на преговорите со Европската унија, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

– Станува збор за системски законски решенија кои што се целосно усогласени и во нив се имплементирани дел од забелешките на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Одговорноста за напредокот на нашата држава е заедничка. Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да работат за доброто на сите граѓаните, а не да штитат тесно партиски интереси. Одговорност за настаните на 27 април мора да има во транспарентна судска постапка. Ние како Собрание сме должни да расправаме и да одлучуваме за барањата на Судот – рече Митрески.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...