Триесетипетгодишниот Горан Атанасовски од Скопје е пријавен за исчезнат, потврдуваат од МВР.
На 20 февруари во 23.55 часот, информира МВР, во полициската станица Кисела Вода, В.А.(63) од Скопје пријавил дека истиот ден во 16 часот во непознат правец се оддалечил неговиот син Г.А.(35), кој бил со патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.