Ѓоковиќ претрпе уште еден пораз

Се обидувам, но работите не одат. Не ми се допаѓа начинот на кој играм. Во моментов едноставно е невозможно да играм на топ ниво, прокоментира Ѓоковиќ по поразот.

269

Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ го претрпе првиот пораз на турнирот во Мајами во 2012 година. Србинот, кој е шесткратен шампион на „Мастерс“ турнирот во американскиот град, изгуби со 3:6, 4:6 од Французинот Беноа Пер синоќа.

Ѓоковиќ е шампион на турнирот во периодот од 2014-2016 година, а минатата сезона не зеде учество во турнирот. Носителот на 12 Гренд слем титули имаше 16 последователни победи во Мајами пред да отстапи пред Пер.

Поразот од Французинот исто така е трет последователен за Новак од почетокот на сезоната. Тој загуби од јужнокореецот Чонг Хун во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во јануари, а претходно овој месец доживеа неуспех на самиот почеток од „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс, каде беше запрен во три сета уште во својот прв натпревар од јапонскиот тенисер, Таро Даниел. За прв пат од 2007 година, Србинот губи три последователни натпревари.

– Се обидувам, но работите не одат. Не ми се допаѓа начинот на кој играм. Во моментов едноставно е невозможно да играм на топ ниво – прокоментира Ѓоковиќ по поразот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...