ГДУ на Самит на европските конзервативци и реформатори во Рим

67

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев, ќе учествува на Самитот на Европските конзервативци и реформатори (АКРЕ), кој ќе се одржи во Рим од 22 до 23 февруари.

„La Convenzione Blu е собир на кој покрај членовите на европарламентот, ќе дебатираат и владини претставници, бизнисмени, академици, претставници на невладини организации,политичари и дипломати. Покрај главните теми на собирот – миграцијата и имиграцијата и одбраната и безбедноста во Европа, самитот ќе претставува и своевиден вовед во кампањата за претстојните евроизбори на кои членките на АКРЕ очекуваат позитивен резултат. Тие во моментов ја претставуваат трета по број политичка групација во Eвропарламентот“, се вели во информацијата од ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...