И обвинителството има сознанија дека шоферот на автобусот на „Дурмо турс” бил мета на закани и следење по несреќата кај скопско Ласкарци во која загинаа 15 патници, па оттаму повикуваат на хуманост.
– Постојат такви сознанија, би потенцирал да се почитува презумцијата на невиност. Се прибираат докази и кога ќе се обезбедат вештачењата и сведочењата ќе имаме сознанија – вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Тој вели дека дел од материјалите ги обезбедиле, но во моментов се уште нема податоци за тоа кој ја има одговорноста.
– Преземени се повеќе мерки, се вршат вештачења, се повикуваат сведоци. Возачот еднаш е сослушан, не значи дека ако има потреба нема да биде сослушан уште еднаш – рече Јовески.