Штрајкуваат вработените во локалната самоуправа во Грција

41

Вработените во локалната самоуправа во Грција рано утрово започна 24-часовен штрајк, поради неисплатените додатоци за опасна и нездрава работа за илјадниците вработени во комуналните и техничките служби на општините, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно со штрајкот, чиј организтор е Грчката федерација на вработени во локалната самоуправа, закажан е и протест пред Министерството за финансии на Грција.

Штрајкот на вработените во локалната самоуправа го поддржа и еден од најголемите грчки синдикати, оној на вработените во државниот сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...