Слаб снег и денеска, облаци, ама и сонце

Во Скопје променливо облачно, преку денот со краткотрајно наоблачување и со услови за слаб снег на повисоки места, а дожд на пониските. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

140
20151020 Tuesday 1317 dozd esen vrne nevreme vrnezlivo dozdlivo loso vreme ladno tmurno

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален снег во западните делови, кој кон југ ќе преминува во дожд. Кон крајот на денот во југоисточните делови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од два до седум степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно, преку денот со краткотрајно наоблачување и со услови за слаб снег на повисоки места, а дожд на пониските. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до четири степени.

Утре преку ден и особено од попладне ќе почнат врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер со што ќе почне неколкудневен врнежлив период, но и период на постепен пораст на дневните температури. Утринските температури ќе бидат главно во интервал од минус три до три степени, а до вторник тие благо ќе се зголемат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...