Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе побара од надлежните во француската Лига 1, да ја променат одлуката за четвртиот гол на синоќешниот дуел со Монпеље и наместо автогол на Хилтон, погодокот да биде регистриран на неговото конто.
Во 78-тата минута, 20-годишниот Французин по еден центаршут се обиде да го совлада гостинскиот голман, при тоа топката ја закачи Бразилецот. Надлежните за регистрирање на погодоците сметаат дека Хилтон го сменил правецот и си постигнал автогол.
– Добра вечер, Лига 1. Што е со 4. гол? Можете да го впишете кај мене, во корист на нападот … а посебно не да го регистрирате како автогол на Хилтон – напиша Мбапе на својот твитер-профил.
ПСЖ го доби натпреварот со 5:1.