До крајот од овој век ќе има драстични климатски промени на Земјата, тврдат група научници од Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ).
Глобалното затоплување ќе предизвика летните месеци да станат неподносливо жешки и без воздушни струења. Како резултат на тоа, воздушните маси нема да се мешаат и разнесуваат, а смогот сѐ повеќе ќе се задржува над градовите.
Силата на циклоните значително ќе се намали, а силните грмотевици, поројните дождови и бури ќе станат почеста појава.
Секој дополнителен степен на земјината температурата на воздухот ќе ја зголемува и смртноста.
Во моментов, научниците сè уште немаат план за избегнување на овие мрачни сценарија, а не е исклучено и наредниве децении населението на Планетата да се намали.