Оваа година со најмногу номинации на Британските музички награди беа Дуа Липа, Џес Глин и Ен-Мари.
Најдобар британски машки артист е Џорџ Езра, а од девојките наградата ја доби Џорџа Смит.
За британска песна на годината беше прогласена „One Kiss“ на Калвин Харис и Дуа Липа.
„The 1975“ освоија награда за група на годината, а нивниот албум „A Brief Inquiry Into Online Relationships“ беше прогласен за најдобар годинава.
За најдобро видео беше одбрано тоа за песната „Woman Like Me“ на Литл Микс и Ники Минаж.
Дрејк и Аријана Гранде беа одбрани за најдобри интернационални артисти.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA