Апелација ќе одлучува за затворот за Сеад Кочан и синот на пратеничката Авировиќ

738

Во Апелацискиот суд во Скопје за денеска е закажана седница на која ќе се разгледуваат жалбите за пресудата во случајот „Труст“ на СЈО, по што второстепениот суд треба да се произнесе за казните на обвинетите.

Со првостепената пресуда од Кривичен суд на шест години затвор е осуден Сеад Кочан, а на три Василије Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ.

Судечкиот совет во скопска единица во јули лани на чело со судијката Лидија Трајковска Зимбовска досуди и парични казни за фирмите чиј претставници се тие, „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“. Фирмите, според пресудата, треба да платат казни од по два милиони денари (околу 32.000 евра), а ќе им се конфискува и имот во иста вредност како направената штета – околу 17 милиони евра.

Третиот обвинет во „Труст“ Сафет Ватиќ, пак, тогаш доби ослободителна пресуда. За него СЈО во завршните зборови направи преквалификација на делото во „помагање“, а за фирмата чиј претставник е тој, „Вато“ ДОО Студеничани, го повлече обвинението. Судијката рече дека не се докажало дека со неговите активности Ватиќ има кривична одговорност односно дека помогнал во извршување на делот.

 

Според обвинението за овој случај, СЈО ги товари дека со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...