Доживотен затвор поради мито за поранешен началник на ГШ на кинеската армија

157

Поранешниот началник на Генералштабот на кинеската армија Фанг Фенгхуи воениот суд го осуди на доживотна казна затвор поради примање и давање мито и поседување на имот, чие потекло не може да го докаже.

Фанг е последниот воен претставник погоден од кампањата на кинескиот претседател Си Џинпинг за борба против корупцијата која е насочена кон сите нивоа на Владата и на војската.

Во октомври минатата година Фанг е исклучен од Комунистичката партија и одземен му е чинот пред почетокот на судењето. Тој беше началник на ГШ на Народно ослободителната војска на Кина од 2012 до 2017 година.

Од доаѓањето на власт на Си кон крајот на 2012 година Кинеската комунистичка партија води борба против корупцијата. Во 2017 година за корупција беше обвинет генералот Џанг Јанг. Тој по обвинението се обеси во својот дом.

Во кампањата против корупцијата покрената од Си, казнети се најмалку 1,5 милиони луѓе од владејачката Комунистичка партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...