Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во УБК кои го открија скандалот со прислушувањето во Македонија, во Приштина денеска добија „Награда за слобода на говорот“, објави А1он.
Наградата во име Костовски ја подигна Лазаревски и рече дека е горд затоа што заедно со неговиот колега ја добиле наградата, како признание за укажувачи во скандалот со прислушувањето.
– Можевме да избереме: Да игнорираме или да бориме. Убеден сум дека го направивме вистинскиот избор. Целиот свет ја слушна детонацијата на „бомбите“ во Македонија. Резултатот што го постигнавме беше над нашите најоптимистички очекувања – изјави Лазаревски.