Ексминистрите за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, вечерва ќе завршат во притвор во затворот во Шуто Оризари, потврдија за Плусинфо од Кривичниот суд. Тој им е одреден по распитот во Кривичниот суд во Скопје откако обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага во која тие се осомничени како дел од организаторите за настаните на и пред 27 април 2017 година.
Притвот кој им го одредил судијата е во траење од 30 дена.
Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Покрај нив двајцата, во истрагата осомничен е и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски. Но, тој е актуелен пратеник и има имунитет, па за да му се спроведе распит, а потоа и да се донесе одлука за притвор за него, прво пратениците треба да му го одземат имунитетот.
Исто така, осомничени се и експремиерот Никола Груевски и поранешниот вработен во Петатта управа во МВР, Никола Бошковски. Двајца избегаа и се во азил, едниот во Унгарија, другиот во Грција.