Заврши распитот на Јанакиески и Ристовски, се чека дали ќе им се одреди и притвор

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата

467

Во Кривичниот суд во Скопје штотуку заврши распитот на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски кои, заедно со Трајко Вељановски, доцна попладнево беа приведени под сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

Се очекува судот да се произнесе за барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор.

Вељановски претходно замина од судот, бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата. Таа пред медиумите истакна дека Вељановски си заминал од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Повеќе детали, Рускоска рече дека ќе бидат соопштение на прес-конференција што ќе се одржи во Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...