Османи: Оваа година е неповторлива, во следните десет ќе нема таква

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски во емисијата рече дека поместувањето на термините за постигнување на некое нацрт решение дава сигнал дека разликите кои биле спомнати од министерот за надворешни работи Никола Димитров се посуштински, дека не се безначајни.

598

Треба да бидеме храбри и одлучни дека има простор за разговор, има посветеност кај двете влади за изнаоѓање решение на прашањето за името, има заинтересираност од меѓународната заедница… Чекорите кои ги направивме ние и чекорите кои ги направи грчката страна во овој процес се важни во градење на тој моментум за изнаоѓање решение.

Ова вечерва го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизијата Телма.

Тој смета дека денешните разговори со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас појасно ја претставиле сликата за очекувањата на едната и на другата страна и дека треба дополнително понатаму да се оди во детали во Виена во наредниот период и на други вакви средби.

Фактот што двете страни се отворен, директни, искрени во своите очекувања, кои се слабите точки, кои се цврстите позиции, појасни тој, на двете страни им даваат поголем сензибилитет во однос на сензитивноста на другата страна. Според него, таа комуникација треба да продолжи, бидејќи преку немање комуникација не може да стигнеме до решение.

– Гледам дека им е важно да се заврши прашањето дека ја чувствуваат одговорноста како најголема држава во регионот дека треба да го водат процесот на европеизација на регионот и дека тие треба да бидат дел од таа игра. Гледам искрена посветеност да се најде решение. Сакаме да најдеме решение – посочи Османи.

Оваа година, нагласи Османи, е неповторлива, уникатна по однос на можностите што ги нуди и ваква година нема да има во наредните десет години сигурно.

– Наше ќе биде прашањето дали ќе ја искористиме, но не само наше и на меѓународната заедница дали ќе ја искористи оваа година за државата да влезе во безбедносниот чадор на НАТО или ќе биде изложена на влијанието на други сили кои стануваат се поагресивни, дури се здружуваат со многу лоши намери. Мое убедување лично е дека не може да успее оваа држава без НАТО долгорочно и без јасна перспектива во ЕУ. Ова прашање е покомплексно и треба опозицијата да биде вклучена, меѓутоа не во наоѓање правни аргументи за да не се најде решение – додаде Османи.

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски во емисијата рече дека поместувањето на термините за постигнување на некое нацрт решение дава сигнал дека разликите кои биле спомнати од министерот за надворешни работи Никола Димитров се посуштински, дека не се безначајни. Тој посочи дека изјавите на министерот за надворешни работи од пред неколку месеци и денес имаат разлика и во тонот и во ентузијазмот и во одбраните зборови.

Според него, размената на писма, документи дополнително од она што на масата го става како предмет за разгледување посредникот Метју Нимиц, е сигнал на потврда на тие суштински разлики.

– Доколку предложеното решение однапред се знае дека е тешко да се постигне со заемна согласност тогаш очекувам секоја од страните да почне веќе преку својата јавност или истурени играчи да создава услови за барање вина кај другата страна за непостигнување договор во што Грците се многу вешти – истакна Милошоски.

Според него, ако има какво било решение, тоа треба да биде нешто што ќе биде достоинствено за народот кој живее во оваа држава.

– Не може по секоја цена сѐ да прифатиме во текот на оваа година, затоа што нема друг пат да се повтори ваква година – рече Милошоски и додаде дека не треба да се разговара за сувереното право на државата, да си го зачува својот Устав како темел на сувереноста на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...