Федерер: Би сакал да го освојам „Вимблдон“ и „Ју Ес Опен“

143

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер зборуваше за своите цели за тековната тенис сезона.

На првиот Гренд-слем за годината, Швајцарецот стигна до осминафиналето, каде беше елиминиран од грчкиот тенисер Стефанос Циципас во четири сета.

Федерер истакна дека добро играл во Австралија, но дека очекува уште подобри игри и титули во сезоната.

– Мојата цел е да освојам турнир во најкраток можен рок, се надевам во Дубаи или Индијан Велс. Се чувствувам добро и јас играв добро на „Хопман купот“ и на Австралија опен. Следната титула ќе биде под бр.100 во кариера, и ќе биде резултат на добри игри. Сепак, јас би сакал да го освојам „Вимблдон“ и „Ју Ес Опен“, исто така, откри Федерер.

Следниот турнир на Федерер е во Дубаи, кој почнува на 25 февруари, додека потоа ќе се пресели на американска почва и ќе се натпреварува на „Мастерс“ турнирот во Индијан Велс, кој започнува на 7 март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...