Ивор Мицковски, на Фејсбук го коментира, постот на синот на пратеникот Горан Мисовски, Кристијан, кој откако дал отказ поради реакцијата на јавноста, напиша дека тоа го направил поради „хистерија и притисок“.
„Младиот Мисовски си дал оставка поради хистеријата на јавноста, и се надевал дека сега ќе здивнеме. Оф леле, ова ароганцијава е генетска што би рекле ВМРО.
Види бе дечко, нема никој против тебе ништо, и ти си жртва на нетранспарентната политика и генералната мизерија на нездивнатите.
Власта да не ја фатеше непотистичко лудило, ќе можевме да вреднуваме дали некој е вработен според заслуга или врски, ама вака, го избрале татко ти на карти да те повлече, ама ти одлучи и тоа да го покакаш“, пишува Мицковски на Фејсбук.