Германскиот моден креатор Карл Лагерфелд починал од рак на панкреасот, соопштуваат денес светските медиуми.
Според извор близок до Лагерфелд, за него било шок тоа што боледува од овој вид на рак, бидејќи тој спортувал и се хранел здраво.
Блиски пријатели на креаторот за „Монд“ изјавиле дека тој ја чувал урната со пепел на неговиот партнер Жак де Башер и дека Лагерфелд побарал да ја измешаат неговата со онаа на де Башер, кој починал од СИДА во 1989 година.
Наводно, Лагерфелд никогаш немал односи ниту со Жак де Башер, ниту со други личности кои ги сакал, ами за тоа плаќал проститутки.
ФОТО: EPA/ VALERY HACHE / POOL