Ахмети: Јас сум погрешна адреса за „Попис“

Според него, одлуката за прекинување на пописот во 2011 година ја донело Собранието.

1693

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека обвинението против него од СЈО во врска со прекинот на пописот во 2011 година е на погрешна адреса. Според него, одлуката за прекинување на пописот во 2011 година ја донело Собранието.

– Тоа е одлука на Собранието на Република Македонија, а јас сум погрешна адреса – рече Ахмети.

СЈО во случајот „Попис“ ги сомничи Ахмети и неговиот тогашен коалициски партнер Никола Груевски дека ја злоупотребиле својата службен положба и како претседатели на партии и коалициски партнери се согласиле да се прекине пописот на населението во 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...