Бектеши: Не влијаев за вработувањето на сестра ми, полнолетна е, мажена, сама нека одлучи

148

Не сум имал влијание при вработувањето, јас не би требало да имам влијание и да побарам од мојата сестра да се повлече или да не се повлече, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на прашање на новинарите дали по повикот на премиерот таа ќе си даде оставка во МЕПСО.

Со ова, Бектеши даде до знаење дека сетра му Влора Бектеши нема да ги следи стапките на синот на пратеникот Горан Мисовски и мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов кои вчера дадоа откази од работните места.

– Јас и претходно сум кажал што се однесува за оваа тема. Имајќи предвид дека јас јавно сум признал дека мојата сестра е вработена во МЕПСО мора да се каже, и ова е мојот став, како што не сум имал влијание при нејзиното вработување, јас не би требало да имам влијание и да побарам од мојата сестра да се повлече или да не се повлече – изјави Бектеши.

Тој додаде дека неговата сестра е полнолетна, мажена е, има свој живот и треба сама да си одлучува за нејзиниот живот.

На новинарско прашање како сестрата на министерот се вработила откако тој стапил на функцијата, Бектеши реторички одговори зошто тие работат во медиумите во кои работат, а зошто не во некои други.

За вработувањето во ЕЛЕМ на сопругата на братот на сопругата на министерот, Нертила Усеини Каба, Бектеш вели:

– Јас немам можност да влијаам при вработувањата во ЕЛЕМ или во МЕПСО, под надлежност на Министерството за економија е само Македонски енергетски ресурси. Другите енергетски компании не се во надлежност на ова министерство. МЕПСО е во надлежност на Министерството за транспорт и врски а ЕЛЕМ во надлежност на Владата.

Министерот додаде дека не чуствува морална одговорностм, бидејќуи во Министерството за економија не е вработен ниту еден негов роднина.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...