Годинава прв пат ќе се одржи филмската ревија „Златна рамка“, на иницијатива и во организација на Друштвото на Филмски Работници на Македонија, која ќе претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во изминатата календарска година.
На 22, 23 и 24 февруари во МКЦ, односно во киното Фросина, домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските професионалци ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа.
На првото издание на ревијалните денови на македонски филм „Златна рамка“ под мотото „Влези во наш филм“ ќе бидат прикажани вкупно 25 во три програмски целини. Претпоследниот ден од настанот, на 23.февруари ДФРМ ќе додели почесни награди за филмските професионалци- за најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник. Ревијата „Златна рамка“ не е од комерцијален карактер и проекциите ќе бидат бесплатни.