Меган Маркл на вечера со Серена Вилијамс

1041
ФОТО: Splash News / E! News

Меган Маркл уживала во Њујорк по забавата и подароците од блиските за нејзиното бебе.

Е! News“ објави дека таа допатувала од Лондон за забавата за бебето. Пристигнала во Њујорк во петокот, а последните денови ги поминала гледајќи се со пријатели и шетајќи низ градот.

Таа вечерала со Серена Вилијамс, Џесика Мулрони и Маркус Андерсон, кој наводно ја запознал Маркл со принцот Хари.

Војвотката од Сасекс треба да се породи на пролет. Тоа ќе биде првото дете на Маркл и принцот Хари.

ФОТО: Splash News / E! News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...