Британска тинејџерка со две матки се породила без да знае дека е бремена

707

Британката Ебони Стивенсон заспала со мачнина и се разбудила четири дена подоцна, а на нејзино големо изненадување – веќе била мајка.

Имено, тинејџерката од градот Олдам дури не ни знаела дека е бремена, од причина што има две матки. Едната продолжила со менструалните циклуси, па немало никакво навестување… Освен тоа, тинејџерката немала изразени признаци за бременост, оти матката со плодот ѝ била поблиску до грбот, објави Би Би Си.

На 2 декември Стивенсон си легнала со главоболки и лесна мачнина. Оттогаш, таа не се сеќава на ништо, но мајка ѝ ја нашла без свест во бањата и повикала брза помош.

Во болницата ја породиле со царски рез.

На 6 декември, Ебони дошла при свест и дури тогаш дознала дека има дете, односно ќерка.

Бебето било тешко 3,450 килограми и се родило навреме, во деветтиот месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...