Мицкоски до Коѕијас: Името не смее да допира во државните и националните интереси

1092

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, базирани на искрено пријателство и меѓусебно почитување.

– Македонија и Грција треба да имаат заеднички интерес за засилена соработка во многу полиња кои се од интерес на граѓаните од двете држави, на економски и политички план. Македонија мора да продолжи со својата евроатланска агенда и процесот да биде одблокиран. Тоа ќе придонесе и за интеграција и стабилизирање на регионот преку засилена соработка во рамките на глобалните структури кон кои тежнее Република Македонија и природно припаѓа – рекол Мицкоски.

На средбата тој ги афирмирал официјалните ставови и позиции на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со спорт за името.

„На средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразена загриженост за одредени чекори во грчкото општество кои иритираат и поттикнуваат негативи чувства кон Република Македонија и истите не се од помош на целокупниот процес. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека решението за кое преговара македонската влада треба да ги запазува државните и националните интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 Со почит,                   
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...