На руските војници ќе им се забрани да користат мобилни телефони и да објавуваат информации за себе

210
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY/SPUTNIK / POOL

Руските пратеници одобрија нацрт-законот со која на воениот персонал му се забранува да користи паметни телефони кога е на должност, потег наменет за да се спречи појавување на чувствителни информации на социјалните мрежи.

Предлог-законот одобрен од Долниот дом вчера, исто така, им забранува на војниците да објавуваат фотографии, видеа и информации за себе, други војници и нивните роднини на Интернет.

Новото законодавство ги формализира ограничувањата за користење на паметни телефони и таблети претходно наредени од страна на Министерството за одбрана.

Само стари телефони што немаат  Интернет нема да бидат забранети.

Овој потег уследи со цел да се заштитат руските тајни воени разузнавачки информации од странски разузнавачки служби.

Руските војници на најпопуларните социјални мрежи во Русија, ВКонтакте и Одноклассники, често објавуваат детали за тоа каде се испратени.

Ова овозможи неколку руски операции да бидат откриени во источна Украина, за каде Москва тврдеше дека нема распоредени војници.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY/SPUTNIK / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...