Возачот кој го усмрти Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист е Турчинот Левент

3769

35-годишниот Турчин Алсин Левент е возачот кој во неделата ја предизвика страотната сообраќајка во Германија во која загинаа Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист и пријател Мирсад Кериќ, а повреден е кумот на пејачот, Слободан Стојадиновиќ, објавија „Вечерње Новости“.

Возачот Левент, кој според првичните информации, бил и под дејство на алкохол, се води дека е уапсен. Но тој не е во затвор, туку во болница, затоа што е повреден и под постојан надзор од полицијата, открива извор, според официјални информации од полицијата.

Да биде трагедијата уште поголема, според информациите, Левент немал ниту возачка дозвола, а возел туѓ автомобил кога удрил во автомобилот со кој Шаулиќ и неговите сопатници се возеле накај аеродромот.

Посмртните останки на Шаулиќ денеска се префрлени во Погребниот институт, каде задутре ќе биде извршена обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...