Иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава на 31 март, укинувањето на полугодишното поместување на часовниците ќе стапи на сила од 2020 година, реши Одборот за индустрија, истражувања и енергетика на Европскиот Парламент, кој денеска го усвои законодавното мислење за предлог директивата за укинување на полугодишното поместување на часовниците.
– Поради низа потенцијални проблеми, со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020 , така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020.
Во последната анкета, дури 84 отсто од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час нанапред или наназад на часовниците два пати годишно .