Во Музејот на Гранд Кањон пронајдени контејнери со ураниум, посетителите озрачени

Нивото на радијација во тој дел било за 400 пати повисоко од дозволената граница за возрасни и 4.000 пати повеќе од дозволеното ниво за деца. Според „Дејли Њуз“, секој што поминувал покрај складиштето за само неколку секунди можел да биде изложен на зрачање на опасна доза на радијација.

497

Во складиштето на Музејот на Гранд Кањон во американската сојузна држава Аризона биле пронајдени неколку контејнери, секој со волумен од 20 литри, полни со ураниумова руда, која емитувала радиаоктивно зрачење на кое биле подложени вработените и посетителите, вклучително и децата, објави њујоршкиот весник „Дејли Њуз“.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, весникот наведува дека контејнерите се наоѓале недалеку од постановката на изложбата на препарирани животни, која најчесто ја посетувале деца.

Нивото на радијација во тој дел било за 400 пати повисоко од дозволената граница за возрасни и 4.000 пати повеќе од дозволеното ниво за деца.

Според „Дејли Њуз“, секој што поминувал покрај складиштето за само неколку секунди можел да биде изложен на зрачање на опасна доза на радијација.

Весникот посочува дека е нејасно зошто раководството на Музејот, но и федерални службеници, го прикривале фактот дека во објектот 20 години била складирана руда од ураниум.

Музејот информирал дека во моментот контејнерите се пренесени на „безбедна локација“, така што вработените и туристите не се во опасност. Сепак, на некои места од кањонот се уште се лоцира позадинска радијација.

Експерти од службата за здравствена заштита на сојузната држава Аризона сега испитуваат кој и во колкава мера можел да настрада од радиокативното зрачење во текот на целото време додека информацијата за контејнерите се држале во тајност.

Подрачјето на Гранд Кањон, кој е еден од најдлабоките кањони во светот, е прогласено за Национален парк. На негова територија се наоѓаат резервати на Индијанци од племињата Навахо, Хавасупај и Валапај. Гранд Кањон во 1979 е прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...