Владата на Република Северна Македонија на 122 седница, ја усвои Информацијата за подготовка на проектна апликација за Студија за изводливост за изградба и развој на Национална транспортна оптичка мрежа во рамки на повикот за техничка помош во склоп на ИПА инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан” (Western Balkans Investment Framework – WBIF), чија крајна цел, меѓу другото, е до крајот на 2029 година да обезбеди сите јавни институции, истражувачки центри и други образовни, здравствени, правосудни и сите јавни и државни тела да имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1 Гига бит во секунда.
На денешната седница Владата на РСМ ја разгледа и усвои Информацијата за Предлог Декларацијата за транзиција кон чиста енергија во земјите на Западен Балкан, која земјите од регионот ќе ја потпишат во Подгорица, Црна Гора, 21 февруари 2019 година, како потврда за заложбата за декарбонизација, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, во согласност со Парискиот договор во 2015 година, како и со обврските на Енергетската заедница засновани на Пакетот за чиста енергија за сите Европејци на ЕУ, до крајот на 2030 година.