Мајката на Костадинов „повлече нога“: И синот на пратеникот Мисовски дал отказ

813

Синот на пратеникот Горан Мисовски дал отказ на работното место во Агенцијата за осигурување, потврди денеска пратеникот на НСДП, Мисовски.

Неговиот син бил привремено вработен во Агенција за осигурување која го контролира приватниот сектор. Огласот траел една недела, а, според Мисовски, тој бил единствениот пријавен кандидат.

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, претходно изјави дека неговата мајка се повлекла од Централниот регистар во Струмица, каде беше вработена. Овие оставки се по најавата на премиерот Заев дека роднини на функционерите ќе се повлечат од своите работни места.

– Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас, објавен оглас, каде што се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и таа ќе се повлече од работното место. Очекувам овој принцип на висок морал да го следат и останатите функционери – рече Костадинов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...