Чирковиќ го раскина договорот со Еурофарм

76

Ракометниот клуб Еурофарм Работник соопшти дека го раскинале договорот со тренерот Ѓорѓе Чирковиќ. Крајот на соработката е по негово барање.

– Клубот му се заблагодарува на Чирковиќ за професионалноста, односот и стручната работа и му посакува успеси во приватниот и професионалниот живот, се вели во соопштението на битолскиот тим.

Оттаму додаваат дека наскоро ќе ја информираат јавноста за следните чекори и именувањето на новиот тренер.

Србинот ја презеде екипата на Еурофарм ова лето и за првпат во историјата ја одведе до есенската титула во Суперлигата и до групната фаза на ЕХФ Купот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...