Почна средбата на Заев и Гаши

68
Во Клубот на пратениците почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев со лидерот на „Алтернатива“ Африм Гаши на која ќе се разговара за можностите за заеднички кандидат за претседател на државата.

Заев и Гаши на средбата се придружувани од генералните секретари на СДСМ, Александар Кирацовски, и на „Алтернатива“ Зеид Реџепи.

За 16 часот е закажана и средба на Заев со лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Вчера, на истото место беше одржана средба меѓу Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, а за време на викендот во седиштето на СДСМ се одржа средба и со лидерите на помалите партии кои се дел од коалицијата.

Опозицијата во саботата ја избра професорката Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за претседател на претстојните избори закажани во април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...