Обвинителството бара притвор за скопјанецот што ја претепал мајката

138

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 17.02.2019 година, во семејниот дом во с. Визбегово, во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неговата мајка, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото. Потоа, тој со двете раце ја давел оштетената, ја турнал на земјата и продолжил да ја удира со што и нанел телесни повреди“, информира ОЈО.

Со оглед на тоа што постои реална опасност осомничениот да го повтори кривичното дело или да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...