ГДУ: Брегалница и натаму се полни со фекалии, Бочварски не го оддржа зборот

76

Денес е мал јубилеј од 30 дена откако градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, вети дека за најбрз можен рок ќе ја санира цевката од колекторот во Ново Село, од која течат фекалии дирекно во река Брегалница, рагира ГДУ.

– Би сакале да му се заблагодариме на градоначалникот за ветеното и да ја изразиме нашата разочараност од нереализираното. На сликите се гледа разликата помеѓу пред ветувањето и после ветувањето. Разликата е само во желбата за решавање на проблемот. Имајќи во предвид дека проблемот е стар, ние како граѓани на општина Штип сме благодарни и на толку. Сепак зборот е збор, но и навика си е навика. Од ветување куќа не се растура, но држава и општина се растура сигурно, соопшти ГДУ.

Од партијата иронизираат:

– Пред 30 дена во Штип се поздравувавме со „Бог се јави, навистина се јави“. Денеска можеме слободно со „Бочварски вети, навистина вети“!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...