Закони од безбедноста, надворешната политика и царината на владината седница

80

Владата денеска ќе ја одржи 122. седница на која ќе разгледа повеќе предлог-законски решенија меѓу кои и Предлог-измените на Законот за Царинска тарифа.

На предлог на Министерството за внатрешни работи ќе бидат разгледани Предлог-измените на Законот за внатрешни работи, Предлог-законот за Агенција за национална безбедност, како и Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Владата ќе се произнесе и по Информацијата за подготовката на проектна апликација за Студија за изводливост за изградба и развој на Национална транспортна оптичка мрежа во рамки на повикот за техничка помош во рамки на ИПА инструментот „Инвестициска рамка за западен Балкан“ (Western Balkans Investment Framework – WBIF), што ќе ја презентира Министерство за информатичко општество и администрација.

Министрите ќе ја разгледаат и Предлог-одлуката за времено укинување на визите за краткорочен престој во Република Северна Македонија за државјаните на Украина, Предлог – одлуката за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Руската Федерација, како и Предлог-одлуката за укинување на визите за краткорочен престој (виза Ц) за странски државјани носители на валидни патни исправи на трети земји, кои имаат регулирано привремен престој во земја членка на Европската Унија или потписничка на Шенгенскиот договор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...