Заев на средби со Тачи и Гаши за можностите за заеднички претседателски кандидат

163

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска со средби со лидерите на ДПА и на „Алтернатива“, Мендух Тачи и Африм Гаши ги продолжува консултациите околу можностите за заеднички кандидат за претседател на државата.

Средбата со Гаши е закажана во 15 часот, а средбата со Тачи во 16 часот. Двете средби, како што најавија од СДСМ, ќе се одржат во Клубот на пратениците.

Заев вчера се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Се договориле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата.

За викендот во седиштето на СДСМ беше одржана и средба со лидерите на помалите партии кои се дел од коалицијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...