Пронајдени 17 рачни бомби кај Босанец во Германија

97

Германската полиција во Дрезден, за време на контрола на железничка станица, во возило со босански регистарски таблички, пронајде 17 рачни бомби. Во возилото, кое било неправилно паркирано, пронајдени се бомби кои биле сокриени во затскриен дел на багажникот, појасни портпаролот на дирекцијата на полицијата Кристијан Мајнхолд.

Тој посочи дека засега не се знае дали постоела реална закана по населението.

Во врска со случајот уапсени се двајца босански државјани, на возраст од 17 и 28 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...