Општина Карпош, во соработка со колективниот постапувач „Елколект“, продолжува со унапредување на начините за правилно управување со електричниот и електронскиот отпад, соопшти Општината.
Отворени се два нови собирни пункта, со цел правилно да се одложува овој вид отпад и да се заштити животната средина.
Првата локација е во кругот на центарот за селекција на отпад и претоварна станица на „Комунална хигиена“ Скопје, која се наоѓа веднаш позади бензинската пумпа на „Макпетрол“ на булеварот „Илинден“ во Карпош 3.
Втората локација е кај просториите на урбаната заедница Влае 2, веднаш до спортските терени кај мостот „Обединети Нации“ во населбата Влае.
Локалната самоуправа ги интензивира своите активности и мерки за заштита на околината и за намалување на загадувањето од сите аспекти.