Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е многу претпазлив пред осминафиналната пресметка со Лион во Лигата на шампионите.
Тој потсети на елиминацијата на Каталонците ланската сезона кога многумина ги сметаа за големи фаворити против Рома.
– Минатата година сите ја гледаа Рома како совршен противник за Барселона. Но ние бевме елиминирани. За да не се случи истото, мора да бидеме исклучиво фокусирани против Лион – истакна Валверде.
Тој смета дека францускиот тим е голем предизвик.
– Имаат одличен тим кој покажа квалитет во групната фаза. Тоа ќе биде тежок натпревар, голем предизвик за нас. Мораме да покажеме одлично ниво за да ја исполниме целта. Дури и без суспендираниот Фекир, Лион е опасен тим.
Натпреварот Лион – Барселона се игра вечер од 21 часот на „Парк Олимпик Лион“.