Почина морнарот од познатата љубовна фотографија од Втората светска војна

1543
ФОТО: Би-Би-Си

Американскиот морнар од познатата фотографија на која бакнува девојка-странец за да го прослави крајот на Втората светска војна, почина на 95-годишна возраст.

Грета Зимер Фрајдмен, која има 21 година на фотографијата, почина во 2016 година. Таа не знаела за фотографијата, се до 1960-те години.

– Не беше некој бакнеж, ами само славење. Не беше романтично – изјавила таа.

Оваа фотографија била една од четирите на Алфред Ајзенштат за магазинот „Лајф“. Тој не ги кажал имињата на странците кои се бакнале, па беа потребни години пред да биде потврдено оти Фрајдмен и Џорџ Мендоза се лицата на фотографијата.

ФОТО: Би-Би-Си

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...