ЈП „Комунална хигиена“ од денес до сабота ќе спроведе машинско миење на булеварите и поголемите улици со автоцистерни. Миењето ќе се одвива во утринските часови и ќе ја опфати територијата на сите скопски општини.
– Акцијата е со цел подобрување на нивото на хигиената и чистотата на
јавните градски површини, а ќе се реализира благодарение на најавените
поволни временски услови. Според Програмата за работа, ЈП „Комунална
хигиена“-Скопје стандардно спроведува машинско миење со автоцистерни
само во периодот од април до октомври, се вели во соопштението.