Љубовната приказна на Џо и Сиера: Гласаше против мене, беше некако забавно

431
ФОТО: Инстаграм

Џо Англим по трет пат ќе се обиде да стане победник на американскиот „Срвајвер“. Во интервју за „Холивуд репортер“ тој, меѓудругото, зборуваше и за својата врска со Сиера Даун Томас, уште една учесничка во „Срвајвер“.

Тој и Сиера беа учесници во 30-та сезона, беа на спротивни страни на бојното поле и ја напуштија играта како пријатели. Нивната врска, како играта во „Срвајвер“, со текот на времето, се измени.

– Таа гласаше против мене во шоуто, беше некако забавно. Ме потсетува на тоа секој ден – изјавил Англим.

Тој додал оти знаел дека „Срвајвер“ ќе биде дел од неговиот живот.

– Знаев дека сум на пат, но не знаев дека тој пат ќе ме одведе до неа – кажал Англим.

Сиера му дала неколку совети за тоа како да игра овој пат, а тој вели дека фановите на шоуто очекуваат од него да има добра стратегија.

– Таа ми рече дека е тешко на Фиџи. Студено и врнежливо, но не било толку лошо како Камбодија. Ниту јас, ниту Сиера, не бевме во врска кога игравме во минатото. Сега сме на другата страна: саканиот оди да игра на „Срвајвер“. Навистина е многу поемоционално, пореално, а сега имам и многу повеќе причини за што да се борам – изјавил тој.

Фановите можеби ќе ја видат Сиера уште еднаш на екраните во терминот резервиран за „Срвајвер“.

– Ќе мора да почекаме да видиме. Не знаеш кој може да го видеш. Би сакал да ја видам неа таму. Се надевам дека е на листата. Но, можеби е презафатена. Можеби ќе рече: „Не, не сакам да се враќам на Фиџи“. Затоа, останува да видеме. Во план ми е да бидам во игра за средбата со најблиските. Тоа е еден чекор кој води до финалето – одговорил тој на прашањето дали Сиера ќе биде дел од оваа сезона за време на посетата на учесниците од најмилите.

Триесет и осмата сезона на „Срвајвер“ започнува утре на Си-Би-Ес.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...