Сари по поразот од Јунајтед: Не сме среќни со резултатот по нашето добро прво полувреме

175
ФОТО: EPA / NIKLAS HALLEN

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, изјави дека тимот одиграл добро прво полувреме во осминафиналето од ФА Купот против Манчестер јунајтед, но и покрај тоа е елиминиран.

– Денес не сме среќни, бидејќи имавме многу добро прво полувреме, а резултатот изнесуваше 0:2. Ние му дозволивме на противникот да создаде неколку шанси. Во второто полувреме, игравме обесхрабрувачки фудбал. Не беше лесно да се игра по првиот дел со таков резултат. Се разбира, чувствувам притисок поради резултатите, а не поради нешто друго. Мораме да работиме, мораме да кажеме дека треба да дејствуваме поагресивно и решително и на сопствената половина и пред голот на противниците – изјави Сари.

Челзи загуби со 2:0, а стрелци на головите за Манчестер беа Ерера и Погба во 31. и 45. минута.

Противник на Јунајтед во четвртфиналето ќе му биде тимот на Вулвс.

ФОТО: EPA / NIKLAS HALLEN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...