Во Скопје, слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време. Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. В сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег. За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.