Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини поранешниот директор на ФБИ, Ендру Мекејб и заменик министерот за правда Род Розенстин дека планирале да го сменат.
Трамп во интервју за Си Би Ес истакна дека тие „најверојатно планирале многу илегално дело“ при разговорот за уставни начини да го соборат од власт во 2017 година.
Тој разговор, за кој медиумите првпат објавија во септември минатата година, го потврдил Ендру Мекејб, вршителот на должност директор на ФБИ по смената на Џејмс Коми во мај 2017 година.
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS