До 9 илјади евра за семејствата на жртвите во автобуската несреќа, за повредените од 4.500 евра

910

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата која се случи на 13. февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета, изјави директорот на компанијата Еуросиг, Кадри Моринај, кој изрази сочувство до семејствата на настраданите, јави ТВ21.

Во оваа несреќа загинаа 15 патници, а повеќе од 30 се повредени.

Моринај рече дека упатил апел до семејствата што поскоро да достават документација, а по три дена компанијата ќе изврши исплата.

На повредените тој им посака што поскоро закрепнување.

Според Моринај, за повредените ќе се исплатат од 4.500 евра, а за семејствата на настраданите до 9 илјади евра.

– Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 илјади евра – додава Моринај.

Автобусот на компанијата Дурмо Турс имал осигурување и според законот, во случај на несреќа, на патниците им следува оштета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...