Весели уште три години во Фенербахче

66

Кошаркарот Јан Весели го продолжи договорот со Фенербахче до 2022 година, објави денеска клубот од Истанбул.

Весели, кој важи за еден од најдобрите центри во Европа, потпиша нова соработка со Фенербахче само еден ден по освојувањето на турскиот куп.

Тој во Фенербахче е од 2014 година. Со турскиот тим има трофеј во Евролигата и две титули во Турција.

Во својата кариера, Весели има настапи во НБА за екипите на Денвер и на Вашингтон. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...